Предатори и паразити (benefitials)
Anderline
Биолошкиот агенс за заштита Anderline содржи предаторско пајаче Amblyseius andersoni. Ова предаторско пајаче се храни со различни видови на ситни членконоги и со полен. Претставува идеално решение за превентивна заштита на украсни растенија во пластеници или на отворено, како и на зеленчукови и овошни култури.
Exhibitline Sf
Биолошкиот агенс за заштита Exhibitline Sf содржи ентомопатогени нематоди Steinernema feltiae во форма на инфективни ларви. Овој препарат помага во контрола на ларвите од сциарида(fungus gnat) и на Цветниот Трипс кај украсните растенија.
Montyline
Montyline содржи предаторско пајаче, Amblyseius montdorensis. Ова предаторско пајаче се храни со разни видови мали членконоги и со полен. Идеално е за превентивна контрола на белокрилки и трипси во стакленици.
Oriline L
Производот Oriline содржи предаторска стеница од родот Orius, која има долга историја на ефикасна и сигурна контрола на штетници, особено кај заштитени култури. Orius претставува стандардна превентивна мерка против трипс, особено против западноцветниот трипс (Frankliniella occidentalis).
Палетата на производи Oriline се состои од три различни формулации, прилагодени според земјата и намената на употреба.
Swirskiline
Swirskiline е биолошки агенс за контрола што содржи предаторски пајаче, Amblyseius swirskii. Главно се користи за контрола на белокрилки и трипси, но исто така може да придонесе за намалување на други мали штетници. Во отсуство на плен, овие пајачиња можат да преживеат хранејќи се со полен, што им овозможува подолго опстојување во посевите. Размножувањето е исклучително брзо при топли и влажни услови, но A. swirskii може да преживее и во пониски ноќни температури и преку зимските месеци кај полу-заштитени култури. Swirskiline кесички овозможуваат воспоставување колонија на предаторски пајачиња директно на растенијата уште пред појавата на штетници. Пајачињата излегуваат од кесичката во текот на неколку недели и во значително поголем број отколку при еднократно рачно ослободување.
Tricholine TA
Trichogramma се микроскопски паразитски оси (< 1 mm). Женката ги положува своите јајца во јајцата на штетните инсекти, при што ги уништува и спречува развојот на гасеници.
Иако Tricholine TA првично беше развиен како решение за контрола на Tuta absoluta кај домати, денес е познато дека делува против широк спектар на лепидоптерни штетници, вклучително и Duponchelia spp., Chrysodeixis spp. и Heliothis spp.
Култури каде што се применува:
Домати, Пиперки, Модар патлиџан, Цветни култури, Тутун, Банани и многу други.