YaraMila™ Star Plus
YaraMila STAR PLUS NPK 21-17-3 + 4 S + 0,15 Zn ѓубриво со високo количество на азот и фосфор. Исто така содржи калиум, сулфур и цинк, погодено и за претсејна примена и за прихрана на земјоделски култури. Идеално за култури чувствителни на хлор. EC ѓубриво.
Бренд |
---|
YaraMila STAR PLUS е високотехнолошко комплексно ѓубриво, идеално за основна прихрана на житни култури и памук.
YaraMila STAR PLUS е специјално дизајнирано ѓубриво во форма на бисери, кое ги покрива нутритивните потреби на културите, содржејќи високоефикасен азот и фосфор во сооднос 1:1, засилен со калиум, сулфур и цинк.
YaraMila STAR PLUS е подобрено со P-EXTEND технологија. Тоа е уникатна комбинација на ортофосфати и полифосфати со дикалциум фосфат. Комбинацијата од овие различни форми овозможува најголема достапност на фосфорот за културите и негов непречен транспорт до корените на растенијата, дури и во полиња со висока pH вредност на почвата.
Основачите на YARA се соочија и го надминаа најголемиот предизвик за храна во своето време. Со соработка и љубопитност, тие помогнаа да се спасат животите на милиони. Оттогаш, ние континуирано развиваме решенија што го подобруваат и зголемуваат глобалното производство на храна на поодржлив начин.
Но, нарушувањата во последните години покажаа колку е кревок прехранбениот систем и како тој ја загрозува безбедноста на храната. Имаме повеќе усти за хранење и ограничени ресурси на кои можеме да се потпреме.
Во YARA, неуморно работиме за директно справување со овие предизвици. Преку интегрирани, научно базирани решенија, помагаме во водењето на трансформацијата на прехранбениот систем за подобра заштита на природата, зголемување на пристапот до прифатлива храна, транзиција кон чиста енергија и подобрување на егзистенцијата. Соработката во лидерството ќе го зголеми нашиот потенцијал да правиме добро и да обезбедиме отпорен прехранбен систем, а воедно ќе ја заштитиме и обновиме нашата планета.