Swirskiline

Swirskiline е биолошки агенс за контрола што содржи предаторски пајаче, Amblyseius swirskii. Главно се користи за контрола на белокрилки и трипси, но исто така може да придонесе за намалување на други мали штетници. Во отсуство на плен, овие пајачиња можат да преживеат хранејќи се со полен, што им овозможува подолго опстојување во посевите. Размножувањето е исклучително брзо при топли и влажни услови, но A. swirskii може да преживее и во пониски ноќни температури и преку зимските месеци кај полу-заштитени култури. Swirskiline кесички овозможуваат воспоставување колонија на предаторски пајачиња директно на растенијата уште пред појавата на штетници. Пајачињата излегуваат од кесичката во текот на неколку недели и во значително поголем број отколку при еднократно рачно ослободување.



Бренд
Опис

Клучни Карактеристики

  • Amblyseius swirskii се размножува исклучително брзо при топли и влажни услови. Може да преживее и при постудени ноќни температури и преку зимските месеци кај полу-заштитени култури.
  • Активно се храни со ларви од трипси (прва фаза – L1)
  • Активно се храни со јајца од белокрилки и млади ларви од белокрилки (L1)
  • Во отсуство на плен, се храни со полен, што му овозможува подолго преживување во насадите.

Главна употреба

  • Цветен Трипс (Western Flower thrips)
  • Чили трипс (Scirtothrips dorsalis)
  • Трипс на кромид (Onion thrips)
  • Стакленички белокрилки (Trialeurodes vaporariorum)
  • Сребрени/компирови белокрилки (Bemisia tabaci)

Начин на дејствување

  • Идеален е за употреба кај заштитени култури во топли услови, како што се пиперки, краставици, гербери и модри патлиџани. Може да се користи и кај незаштитени култури, доколку просечните дневни температури се над 20°C (68°F).
  • На култури со доволно полен, како пиперките, се воспоставува побрзо, бидејќи поленот претставува висококвалитетна алтернатива за исхрана. Кај култури без полен, воспоставувањето е побавно, но употребата на кесички со постепено ослободување на пајачињата значително ги подобрува резултатите.
  • Најдобро е да се користи во рана фаза од развојот на културата и штетниците, за да се спречи натамошно размножување на белокрилки и трипси. Не се храни со возрасни трипси.
  • Активен е на 20°C, но неговата ефикасност се зголемува на повисоки температури.
Кесички

Содржат репродуктивна колонија на пајачиња, која се поставува директно на растението уште пред појавата на штетници. Кесичката е дизајнирана да го одржува микроклиматот и да овозможи постојано излегување на пајачиња во текот на неколку недели, во многу поголем број од еднократно пуштање.

Расеан материјал (Loose material)

Овозможува брза и висока доза на предаторски пајачиња. Се користи за брзо воспоставување на популација и обезбедување итна заштита на културите.

За Bioline AgroSciences
Bioline Logo

Bioline AgroSciences Ltd произведува и пласира широк спектар на без’рбетни организми за биолошка контрола, кои се користат за борба против инсектни штетници кај различни култури. Станува збор за глобална компанија, активна во 30 земји, со особено силно присуство во Европа и Северна Америка. Главните култури на кои се фокусираат се заштитени зеленчуци, украсни растенија, меко овошје и бобинки. Во Bioline AgroSciences Ltd, се гордееме со обезбедување на производи и услуги со највисок квалитет, со цел да им помогнеме на земјоделците да го одржат приносот и квалитетот на своето производство.