preloader

Oriline L

Производот Oriline содржи предаторска стеница од родот Orius, која има долга историја на ефикасна и сигурна контрола на штетници, особено кај заштитени култури. Orius претставува стандардна превентивна мерка против трипс, особено против западноцветниот трипс (Frankliniella occidentalis).

Палетата на производи Oriline се состои од три различни формулации, прилагодени според земјата и намената на употреба.



Бренд
Опис

Клучни Карактеристики

  • Orius е единствениот биолошки агенс за контрола што убива возрасни трипси.
  • Може да убие до 80 возрасни трипси дневно (иако се храни со само неколку).
  • Се воспоставува добро кај култури богати со полен.
  • Додавање на јајца од Ephestia (Bug Food E) го забрзува воспоставувањето на популацијата на Orius благодарение на зголемената плодност.
  • Сите пет ларвни стадиуми на Orius се предаторски, а возрасните единки можат да летаат.
  • Како општ предатор, се храни и со пајачиња, јајца од молци и други штетници.
  • Потребни се 4 до 8 недели за да се воспостави стабилна популација.

Главна употреба

  • Цветен Трипс (Western Flower thrips)
  • Трипс на кромид (Onion thrips)
  • Други видови трипси
  • Јајца од молци
  • Копривино пајаче (TSSM)

Начин на дејствување

  • Сите подвижни стадиуми се агресивни предатори на западноцветниот трипс и напаѓаат која било развојна фаза, вклучително и возрасни единки.
  • Често се користи во комбинација со предаторски пајачиња кај култури како пиперки, каде што брзо се воспоставува благодарение на поленот и присуството на штетници.
  • Комбинирањето со Amblyseius cucumeris  или swirskii  обезбедува контрола на младите трипси, додека Orius обезбедува дополнителна заштита со уништување и на возрасните.
За Bioline AgroSciences
Bioline Logo

Bioline AgroSciences Ltd произведува и пласира широк спектар на без’рбетни организми за биолошка контрола, кои се користат за борба против инсектни штетници кај различни култури. Станува збор за глобална компанија, активна во 30 земји, со особено силно присуство во Европа и Северна Америка. Главните култури на кои се фокусираат се заштитени зеленчуци, украсни растенија, меко овошје и бобинки. Во Bioline AgroSciences Ltd, се гордееме со обезбедување на производи и услуги со највисок квалитет, со цел да им помогнеме на земјоделците да го одржат приносот и квалитетот на своето производство.

Start typing to see posts you are looking for.
Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Со прелистување на оваа веб-страница, се согласувате со нашата употреба на колачиња.