Тип на Оранжерии
Начин на одгледување

- Класично одгледување на почва
- Безпочвено одгледување
Предности:
- Контрола на вода и ѓубриво
- Оптимална влага во подлогата
- Оптимално снабдување со хранливи материи
- Рециклирање на водата
- Еколошки предности
- Широк избор на супстрати: органски и неоргански
- Одгледување на растенијата во саксии и контејнери
Наводнување и Исхрана
Системите за наводнување и исхрана обезбедуваат точна контрола на вода и ѓубрива според потребите на растенијата. Познати се по нивната точност, сигурност и флексибилност. Дизајнот на системите за наводнување и ѓубрива е во согласност со барањето на растенијата во поглед на климатските услови својствата на субстратот или почвата, квалитетот на водата и развојниот стадиум на растенијата

Греење и Ладење
Опремата на Маган-Мак ефикасно ја контролира температурата и влажноста на воздухот во оранжериите. Системите за греење правилно ја распоредуваат топлината во просторот. Потребите за топлина се утврдуваат врз основа на барањето на растенијата, минималните температури во регионот, загубата на топлината од објектите, ветровите, температурните разлики во текот на денот и др.
Ладење, односно намалување на температурата во оранжериите е со вентилација на воздухот од внатре кон надвор (пасивно, со вентилациони отвори на покривот и странични отвори ; и со вградени вентилатори).
Рециклирање на Водата
Собирање на дренажната вода и нејзино користење за наводнување на други култури кои се одгледуваат на почва. Рециклирање на дренажна вода во затворен систем со или без дезинфекција на водата. Потоа разредување на дренажната вода со дождовна вода и испуштање во природата.

Стакленици (Оранжерии)
Нашата компанија нуди висококвалитетни пластеници дизајнирани за ефикасно и одржливо производство на земјоделски култури. Нудиме различни типови конструкции, вклучувајќи стаклени и полиетиленски пластеници, прилагодени на различни климатски услови и производствени потреби. Нашите решенија обезбедуваат оптимална контрола на температура, влажност и наводнување, со што се максимизираат приносите и ефикасноста на ресурсите. Без разлика дали станува збор за одгледување во почва или без почва, нашите пластеници овозможуваат современ земјоделски успех.